Во Собранието за денеска се закажани седници на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и на Комисијата за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е Иницијативата за одржување Надзорна расправа на тема „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16.03. 2025 година“, а Комисијата за одбрана и безбедност за Информација за потребата од склучување Амандман на договорот за набавка на 105mm БОРАН ХАУБИЦИ (Договор бр. МКД/21/12/22-01) помеѓу Makine ve Kimya Endustrisi A.S. и Министерството за одбрана.