Велика Британија и нејзините западни сојузници не се доволно подготвени за модерно војување, а особено за брзо распоредување на нови воени технологии, предупреди членката на тимот за стратешки одбранбен преглед (SDR) на британската влада, Грејс Каси.
Стратешкиот документ, кој ги анализира клучните безбедносни закани за Обединетото Кралство, ја нагласува итната потреба од инвестиции во напредни капацитети, муниција и оружје со долг дострел, како и можноста за брзо прилагодување на технологијата, пишува бриселскиот „Политико“. Иако сите препораки беа усвоени, британскиот премиер Кир Стармер одби да се обврзе на зголемување на трошоците за одбрана на три проценти од БДП, што е износот што експертите го сметаат за минимум неопходен.