Ова е трет обид на пратеничката група на Левица да отвори транспарентен парламентарен процес за утврдување одговорност.
Судбината на расправата, како што посочуваат од Левица, повторно зависи од гласовите на пратениците од ДПМНЕ, кои на 4 јуни, заедно со пратениците од ВРЕДИ и ЗНАМ, веќе еднаш гласаа против ставање на оваа точка на дневен ред.
Пратеникот од Левица – Борислав Крмов уште во април поднесе иницијатива за расправа, но истата не доби поддршка од ниту еден друг пратеник надвор од редовите на Левица. Потребни беа најмалку 15 потписи за иницијативата да влезе во процедура.Од Левица апелираат до владејачкото мнозинство да не го блокираат овој процес, посочувајќи дека отчетноста не смее да биде политички избор, туку демократска обврска.„Граѓаните, а особено кочанчани, заслужуваат одговори. ДПМНЕ утре има шанса да покаже дека нема што да крие,“ стои во соопштението на партијата.