Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил во последната година како власт во земјава.
Единствена промена што ја направи Мицкоски во последната година дена како Влада и четири години како локална власт е да го промени кројачот. Од одела купени на пазар, почна да носи „Бриони“, „Зења“ и „Версаче“.Промената е видлива и во неговата колекција часовници која последнава година ја зголеми вредноста од 80.000 евра за часовници, на неколку стотици илјади евра за часовници.
Промената која ја видоа граѓаните од една година власт на Мицкоски е економска нестабилност, намалување на животниот стандард, најмала плата во регионот, мизерни услови за живот.
Промената се виде и во судскиот систем. Селективна правда, дури и кога правда се бара за 63 млади луѓе кои загинаа во трагедија предизвикана од функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Да се сокрие секој партиски член по цена на животите на деца.
Промена се виде и во реториката. Мицкоски од човек кој многу зборува за некакви предавства, ги предаде сите негови ветувања, а Македонија ја направи најмизерна земја за живот во регионов.
Промени се видоа и во чартерите и автобусите, од оваа година за неколку пати повеќе млади заминуваат од Македонија.
Мицкоски, сметката ќе ти биде испорачана на следните избори.