Фасадата на Планетариумот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје од неодамна е облагородена со импозантен нов мозаик, кој е донација од Полска и институтот „Адам Мицкевич“. Станува збор за уметнички проект на двајца полски уметници, наречен „Мозаична композиција од 104096 плочки“, а изведен по повод претседавањето на Полска со Советот на Европа во 2025 година.