Летната сезона во Будва веќе започна, а првичните податоци и повратните информации од туристичкиот сектор укажуваат дека оваа црногорска дестинација ќе одржи високо ниво на посетеност ова лето, слично како и минатата година, пишува Еуроњуз. Како што велат од турстичката организација Будва, зголемувањето на цената на сместувањето е скромно и главно е поврзано со законски измени.
„Имаше зголемување на ДДВ-то за услугите за сместување, па затоа некои хотелиери ги зголемија цените за тој процент, додека други останаа на минатогодишното ниво. Цените за приватно сместување не се променија значително бидејќи голем број даватели на услуги не се во системот на ДДВ“, објаснуваат од организацијата. Угостителските услуги, пак, станале поскапи за околу 6%.
„Откако има зголемување на цените на инпутите, како што се сирењето, овошјето, кафето и слични производи. Во секој случај, тие се задоволни засега и се надеваат дека така ќе остане и во иднина“, велат од организацијата. Иако патните правци во Црна Гора во моментов страдаат поради инфраструктурни работи и метеж, тоа не влијае значително врз пристигнувањето на гостите во Будва, бидејќи најголемиот број на туристи пристигнуваат со авион. Врз основа на податоците од првите четири месеци од оваа година, Будва ја посетиле околу 94.000 туристи, а биле регистрирани речиси 240.000 ноќевања.