Иранските воздухопловни сили извршија напад врз израелските воздушни бази од кои израелски авиони извршија воздушни напади врз Иран, соопшти иранската војска.
„Како одговор на дрскиот напад на израелскиот режим на исламска иранска територија, борците на воздухопловните сили на корпусот на гардата на Исламската револуција, во десеттиот бран на операцијата „Ветување Садек 3“, ја планираа и изведоа операцијата „Тасир“, чија цел беа воздушните бази од кои потекнува овој напад“, се вели во соопштението, а пренесе ИРНА. Во соопштението се додава дека овие напади ќе продолжат на „континуиран, комплексен, повеќеслоен и постепен начин“. Претходно, врховниот командант на иранската армија, генерал Абдолрахим Мусави, изјави дека претходните напади на Иран врз Израел биле „само предупредување и одвраќање“ и најави дека „казнената операција“ на Иран ќе биде изведена многу брзо.