Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека 15 лица, меѓу кои и еден американски државјанин, се убиени, а 131 повредени во рускиот напад што се случи ноќта помеѓу понеделник и вторник.
„Само во Киев се регистрирани околу 30 места каде што се случиле ракетни напади или каде што летале ракетни остатоци. Само во Киев се оштетени речиси 150 станбени згради. Во моментов е познато дека 131 лице е повредено, а 15 лица се убиени. Меѓу загинатите е и еден американски државјанин“, рече Зеленски на Телеграм. Како што објави Укринформ, Русија лансирала повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети во Украина прексиноќа.