– За жАл, паркингот во моментот не е ни мапиран, во однос на тоа, кај да се паркира кола. Ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори и активности. За да видиме колку точно паркинг места имаме. По длабоката анализа што ја правиме, ќе видиме и колкава е фреквенцијата на пациенти, што ги користат тие паркинг места, колкав број на вработени во Клинички се паркираат таму, истакна Алиу.
После тоа, како што додаде, најверојатно ќе излезеле со некое оптимално краткорочно решение.
– Додека, долгорочното решение на паркингот зависи и од долгорочното решение на Клиничкиот центар. И тука ќе мораме да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција на Центарот, нагласи министерот.
Одговарајќи на новинарските прашања, тој информираше дека се формираат работни групи за кризен менаџмент, за најбрза можна реакција при евентуални трагедии.