„Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле дваесет и едногодишниот С.Л. од Скопје. Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.