Односите меѓу Република Српска и Русија се засноваат на силно пријателство и доверба, одржувајќи дијалог со претседателот на Руската Федерација (РФ) Владимир Путин.Ова е една од пораките од Санкт Петербург, по средбата на делегацијата на РС, предводена од претседателот Милорад Додик, со гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов.
Претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина Миорад Додик престојува во Русија, каде што ќе учествува на 28. Меѓународен економски форум, каде учеството го потврдија 20.000 претставници од 140 земји. Во рамките на форумот ќе се одржат повеќе од 150 настани, меѓу кои и форумите на SCO и BRICS, регионалниот форум на бизнис заедницата Г20, а на пленарната сесија ќе учествува и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.
Тој посочува дека учеството на форумот ќе биде можност за зајакнување на контактите како со Руската Федерација, така и со другите пријателски земји. Тој вели дека во план е да се разговара со компании со кои Република Српска веќе има соработка, но и со оние со кои постои можност за остварување нова соработка.– Клучно е РС да се потпира не само на компатибилни економии, туку и на луѓе кои сакаат да не примат – рече Додик.Претседателот на РС рече дека ја цени упорноста на Русија за одржување на партнерството, нагласувајќи дека раководството на РС е под притисок поради одлуката БиХ да не воведе санкции кон Москва.