Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Израел во моментов е предводен од криминална клика, која сака да го вовлече светот во војна.Коментирајќи ја ситуацијата на Блискиот Исток, Милановиќ пред новинарите во Загреб изјави дека неговиот став за моменталната ситуација на Блискиот исток е различен од оној на владејачката партија и премиерот Андреј Пленковиќ.
„Израел во моментов е предводен од криминална клика и сака да го вовлече светот во војна“, изјави Милановиќ за новинарите во Загреб.
Претходно денеска, на отворениот дел од седницата на Владата, Пленковиќ ја изрази својата длабока загриженост за новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, нестабилноста во регионот и последиците што овој конфликт може да ги има многу пошироко, а кои се однесуваат на поскапувањето на нафтата и можните нови мигрантски бранови.