Да се избере совршена лубеница може да биде вистински предизвик. Многумина се нашле во таква ситуација: пробуваат парче на пазарот и се убедени дека тоа е најсочната и најслатката лубеница што некогаш ја пробале. Воодушевени, купуваат лубеница од 10 кг, ја влечат до дома и – разочарување. Внатрешноста е брашнеста, вкусот е слаб, уживањето никакво. Но, не треба да се откажувате. Лубеницата е синоним за лето. Освен што е идеална за уживање, лубеницата е и основа за многу летни рецепти.
Постојат многу совети за тоа како да препознаете добра лубеница, но повеќето од нив сè повеќе личат на уметност отколку на наука. На пример, советот дека треба да ја помирисате лубеницата. Нејзината дебела кора честопати не ни дозволува да ја помирисаме, за разлика од, да речеме, дињата. Друг совет вели да ја чукнеме лубеница по кората и да бараме „шуплив“ звук – но повеќето лубеници звучат исто, барем за просечниот купувач. Затоа е корисно да се потпрете на едноставни, проверени методи. Еве неколку препорачани од експерти од „Кичн“, Националното здружение за промоција на лубеница и Универзитетот Џорџија.
Правило со два прста
Ставете два прста на потемните ленти од лубеницата. Ако линијата може целосно да ја опфати ширината на прстите, лубеницата веројатно е зрела. Ова е брз и визуелен метод што не бара чукање или мирисање.
Форма
Позаоблените лубеници обично се послатки и помалку водени од издолжените.
Поле на зреење (field spot)
Местото на кората каде што лубеницата лежела на земја треба да биде темно жолта, речиси портокалова боја. Ако е бледо или бело, лубеницата веројатно е набрана прерано.
„Мрежички“ или hatching
Повеќе „мрежички“, тенки, разгранети линии на кората, укажуваат на поголема сладост, бидејќи се резултат на опрашување.
Сјај
Сјајните лубеници честопати не се целосно зрели. Изберете ги оние со потемна, мат кора.
Секако, најсигурен метод би бил да се пресече лубеницата на половина во продавницата – но бидејќи тоа баш и не е можно, овие визуелни методи значително ги зголемуваат шансите дома да ја донесете совршената. Со комбинирање на правилото со два прста со другите знаци на зрелост, изборот на слатка и сочна лубеница станува многу посигурен потфат, пишува МСН.