Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на добро информирани неименувани извори. Сара Џесика Паркер откри драматичен детаљ за улогата во „Сексот и градот“: Не бев подготвена за навредите…
Изворите велат дека се во тек дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева во петок. Некои извори посочија дека е можно американскиот напад врз Иран да биде извршен во текот на викендот.
„Високи претставници во неколку федерални агенции, исто така, почнаа да се подготвуваат за напад“, наведува Блумберг. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во среда јавно ја посочи можноста за воен напад врз Иран, велејќи дека има „идеи што да прави“. Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам“, кога беше прашан дали нападот врз Иран е неизбежен. Американската војска премести некои авиони и бродови од базите на Блискиот Исток кои би можеле да бидат изложени на каков било потенцијален ирански напад, изјавија за Ројтерс двајца неименувани американски претставници. Официјалните лица во среда изјавија дека преместувањето на авионите и бродовите е дел од плановите за заштита на американските сили, но одбија да кажат колку од нив биле преместени или каде. Еден од официјалните лица рече дека авионите што не биле во утврдени засолништа биле преместени од базата Ал Удеид, а воените бродови биле преместени од пристаништето во Бахреин, каде што е сместена Петтата флота на САД.
„Тоа не е невообичаена практика“, рече официјалниот претставник, истакнувајќи дека приоритет е заштитата на американските сили. Одделно, амбасадата на САД во Катар утрово издаде предупредување со кое привремено го ограничува пристапот на својот персонал до воздухопловната база Ал Удеид, најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во пустината во близина на Доха.