Кинеската амбасада во Израел најави дека од петок ќе организира групна евакуација на своите граѓани. Во известувањето објавено на профилот на социјалните мрежи на амбасадата WeChat се наведува дека кинеските државјани ќе бидат превезени преку граничниот премин Таба во Египет. Од нив било побарано да се пријават онлајн и изјавиле дека ќе бидат информирани за времето на евакуација. Во известувањето се наведува дека лицата кои поседуваат пасоши од Кина, Хонг Конг и Макао имаат право на евакуација. Од друга страна индонезиската влада денеска соопшти дека ќе ги евакуира своите граѓани од Иран поради интензивирањето на израелските воздушни напади.
Нашите граѓани се во опасност.Во изминатите два дена израелските напади станаа поинтензивни, не само на армијата, туку и на цивилите – изјави индонезискиот министер за надворешни работи Сугионо. Тој рече дека околу 386 Индонезијци, главно студенти, престојуваат во Иран, пред се во градот Ком. Неговото министерство, пак, претходно објави дека околу 194 Индонезијци во моментов се во Израел, од кои повеќето се студенти на стажирање во јужниот град Рафах. Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот, издаде заедничка изјава со 23 други земји, иницирана од Египет, во која го осудува нападот на Израел врз Иран.