Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не гледа конструктивност од страна на СДСМ и дека постои опасност дали оваа партија ќе продолжи да постои по изборите.
„Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои серозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“. За обвинувањата на опозициската СДСМ за селективност во истрагата за пожарот во Кочани, како и за објавите во врска со фирмата „Салтировски Консалтинг“, Мицкоски рече дека тој ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот преку некрофилија да добие политички поени. Тој нагласи дека нема да ја коментира истрагата, која е во рамки на Јавното обвинителство и која ја води јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој пак, како што потсети, со огромно мнозинство беше избран од СДСМ и ДУИ.
„Тука СДСМ повторно на некрофилски начин ја злоупотребува трагедијата и загубите на луѓето. Мислат дека така ќе профитираат, но мислам дека се лажат. Што се однесува до политичката кампања околу донациите тоа може да биде само уште еден доказ повеќе дека нема селективност, за разлика од случајот со Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс, кога до ден денес имаме привилегирани директни или индиректни актери во тој случај и јас навистина го повикувам Јавното обвинителство ревносно да се позанимава и со овие случаи, тие така рекоа, но како да ги подзаборавија“ порача Мицксоки.