Морал да интервенира и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ги подигнал пронајдените предмети, а од СВР Велес информираат дека станува збор за стар експлозив.
-На 18.06.2025 во 20.40 часот во ОВР Кавадарци, Н.М.(39) од Кавадарци пријави дека при реновирање во неговиот дом, во внатрешноста на ѕидот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, потврдија од СВР Велес.Од таму соопштија дека увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.