Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека одбраната на Русија на иранските власти ја нагласува потребата од построги санкции против Москва. Зеленски рече дека распоредувањето на ирански дронови „Шахед“ и севернокорејска муниција од страна на Русија е доказ дека сојузниците на Киев не извршиле доволен притисок врз Москва, пренесува Ројтерс.
„Сега Русија се обидува да ја спаси нуклеарната програма на Иран. Не може да има друго можно објаснување за нивните јавни сигнали и нивната нејавна активност по ова прашање“, рече Зеленски.