СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв. Секогаш кога СДС се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред. Овој пат не ги поштедија ниту жителите на Кочани, кои пред само неколку месеци се соочија со една од најголемите трагедии во државата. Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв.
Ова сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, всушност е сценарио за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори. На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев.
Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче. Дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.
Но СДС и Венко Филипче немаат искрени намери, тие сакаа да направат хаос во Кочани, каде локалните силеџии, како нивниот општински советник, ќе го плашат народот и ќе го држат во грч и неизвесност. На граѓаните не му се потребни силеџиството, насилството и сеење страв што Филипче и СДС му ги нудат како опција. Граѓаните сакаат и заслужуваат политички претставници кои достојно ќе ги претставуваат и ќе работат во нивен интерес.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ