Сопартиецот од „Десна“ на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кој работи во Народна Банка и е сопруг на судијка, преноќил во станица. Тој вчера беше приведен по наредба на јавен обвинител откако Велибор Манев му го кажа името во завршните зборови во судница, и рече дека „Љупчо Палевски го задолжил да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“.
На прашање на „Слободен печат“ што кажал приведениот во станица, од Обвинителството велат дека во оваа фаза од постапката не може да споделат, но повеќе детали најавуваат во текот на денот. Останува непознато дали приведениот признал или негирал уништување на фамозниот ранец за кого во текот на судењето за убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев во неколку наврати посочуваше дека бил уништен од човек, по налог на Палевски со посредство на Манев како „пренесувач на пораката од Палевски“. Исто така, засега, овој човек кој работел во Народна Банка, е единствениот приведен во врска со уништување на ранецот со оружјето. Постојат шпекулации дека во уништувањето било вклучено и шесто лице. Тие шпекулации не се потврдени ниту поткрепени со материјални докази. Во вчерашните завршни зборови, Велибор Манев рече дека се чувствува како будала што му верувал на Палевски оти „само“ ќе киднапираат а следувале убиства. Рече дека душата му ја дал на тацна на Палевски но на крајот загубил се.