Во Русија започнаа клиничките испитувања на првата вакцина против рак, наречена „Ентеромикс“, објави главниот онколог при Министерството за здравство, д-р Андреј Каприн.
„Нашиот институт е првиот што доби дозвола да спроведе отворено, еднофазно клиничко испитување од прва фаза на оваа вакцина“, изјави Каприн, кој е и генерален директор на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија (НМИЦ Радиологија), на сесијата „Развој на персонализирани онколошки лекови: Иднината веќе е тука“ во рамки на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ).
Во првата фаза на испитувањето ќе бидат вклучени 48 доброволци, а според Каприн, вакцината покажала исклучително низок токсичен ефект, што е охрабрувачки резултат за понатамошниот развој.
Покрај „Ентеромикс“, во Русија се развиваат и други онковакцини, вклучително и персонализирана мРНК вакцина. Овој проект е заедничка иницијатива на НМИЦ Радиологија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“. Во развојот е вклучен и Институтот за молекуларна биологија „Енгелхарт“ при Руската академија на науките.
Според податоците изнесени на форумот, само во изминатата година во светот биле одобрени 25 нови онколошки лекови – што го потврдува интензивниот технолошки напредок во борбата против малигните заболувања.