♥️ Бог да ја благослови Македонија! 🇲🇰
❤️ И оваа година, ја продолжуваме традицијата на Пеленица, со Премиерот Hristijan Mickoski и
ветераните на ВМРО-ДПМНЕ!
☝️Свежи се сеќавањата кога пред дванаесет години, заедно со ветераните и мојот драг пријател Христијан Мицкоски од идеја, се роди оваа дружба на манастирот Руса Среда на Пеленица која прерасна во традиција.
🙏 Сакам да се заблагодарам на секој еден член кој има свој придонес во ова денес.
✌️Искачивме планини заедно, не беше лесно но вредеше!
И еве сме денес, тука на истото место, сплотени во идејата за подобра Македонија!
🗣️ Ветераните се нераскинлив дел на ВМРО, столбот на кој се потпира партијата но и еден од темелите врз кои е изградена #Македонија и секогаш ќе ја имаат мојата длабока почит.
♥️ Длабока почит за секој денес тука, за секој еден жител на нашата преубава Македонија кој додаде камче во мозаикот за татковината да биде повторно горда.
♥️ Благодарам и на УМС, благодарам на УЖ, ви се поклонувам на сите!
🙏 Благодарност за масовноста на овој настан и прекрасната дружба.
✅ Нѐ чека убава иднина. Иднина во која ќе грее сонцето на слободата и држава која ќе овозможи подобри услови за сите, уште долги години предводена од премиерот Мицкоски.
Да живее ВМРО,
да живее Македонија!