
Вечерва, во атмосфера на ентузијазам, посветеност и цврста решеност, се одржа состанок на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гази Баба. Нашите редови ги зајакна присуството на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, кој уште еднаш ни пренесе поддршка, енергија и јасна порака – доаѓа време за нова, силна победа!

Со тим што знае, со народ што верува и со сила што обединува, Гази Баба стои цврсто зад вредностите на чесноста, трудот и визијата за подобро утре. Подготвени сме! Со нова енергија, јасна стратегија и обединетост, ќе излеземе на локалните избори и ќе победиме – убедливо и достоинствено!

Нашата цел не е само победа на избори – туку победа на народот, на правдата, на вредностите и на сите граѓани кои сакаат развој, ред и подобар живот во својата општина. Заедно со граѓаните ќе го вратиме достоинството и перспективата на Гази Баба.

Ова не е само политичка битка – ова е битка за иднината на нашата општина. Заедно, со сила, со љубов кон татковината и со јасна визија – ќе победиме!