

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, денеска (20.06.2025) беше во работна посета на СВР Битола, при што оствари средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески.На состанокот, заменик министерот Исени беше запознаен со редовните и тековните активности на секторот, а му беа презентирани и последните статистички податоци за криминалитетот, кои бележат тенденција на опаѓање.Заменик министерот изјави дека е задоволен од покажаните резултати на СВР Битола во претходниот период и дека полицијата треба да продолжи со бескомпромисна борба со криминалот и на тој начин да ја зголеми довербата на граѓаните.