На 21 јуни, Израел објави дека во ноќните напади убиле тројца команданти од иранските елитни сили Кудс, прекуокеанската гранка на Иранската револуционерна гарда, пренесува „Араб њуз“.
Тие ги идентификуваа како Саид Изади, шеф на палестинскиот корпус во силите Кудс, и Бехнам Шахријар, за кого израелската војска вели дека „бил одговорен за сите трансфери на оружје од иранскиот режим до неговите посредници низ целиот Блиски Исток“.
Третиот командант беше идентификуван како Аминпур Џудаки, за кого израелската војска рече дека ја надгледувал единицата со беспилотни летала на Револуционерната гарда и бил „одговорен за стотици напади (со беспилотни летала) врз Израел“.Се вели дека ветеранскиот командант Изади ја финансирал и вооружувал палестинската милитантна група Хамас, овозможувајќи ѝ на организацијата, која е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ, да изврши напади врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Изади беше санкциониран од САД и Обединетото Кралство за она што го нарекоа негови врски со Хамас и палестинската милитантна фракција Исламски џихад, која исто така учествуваше во нападите од 7 октомври.Израел соопшти дека Изади бил убиен во напад врз стан во иранската покраина Ком, додека Шаријари бил убиен во напад врз неговото возило во западен Техеран во текот на ноќта.Техеран не го потврди убиството на тројцата команданти.