Претседателот на САД ја даде својата прва јавна изјава со детали во 4 часот наутро по средноевропско време.
САД го информираа Иран преку дипломатски канали дека американскиот план не вклучува напори за соборување на иранскиот режим и дека нападите се сè што САД планираат да направат.Потоа Трамп потврди дека американските сили погодиле три од главните нуклеарни објекти на Иран: Натанц, Исфахан и Фордоу. За време на нападот, САД употребиле шест бомбардери Б-2 кои фрлиле дванаесет бомби за да уништат бункер во нуклеарниот објект Фордоу во Иран, потврди американски функционер за Си-Ен-Ен. Ова е прв познат случај на оперативна употреба на бомбата.
Паралелно, подморници на американската морнарица испукале 30 крстосувачки ракети TLAM на две други локации, Натанц и Исфахан, а еден бомбардер Б2 фрлил две бомби за уништување бункери врз Натанц.
Шест бомбардери за уништување бункери биле фрлени врз Фордоу, додека 30 ракети Томахавк биле испукани врз други објекти, потврди американскиот претседател за Фокс њуз.Б-2 Спирит е инаку врвен бомбардер кој „донесува огромна огнева моќ, за кратко време, насекаде во светот преку претходно непробојна одбрана“, е опишано во билтенот на воздухопловните сили.
Б-2 со четири мотори може да биде вооружен со нуклеарно или конвенционално оружје, е управуван од екипаж од двајца и има неограничен домет со полнење гориво од воздух.Секој од бомбардерите чинеше околу две милијарди долари. САД ја користеа бомбата GBU-57 A/B Massive Ordnance Penetrator (MOP), позната како „бункерски разбивач“ во нападите врз нуклеарните објекти на Иран. Б-2 е единствениот авион во американскиот инвентар што може да го носи GBU-57 A.Извор: Фокус