Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одржат итен состанок утре, на кој ќе се разговара за новонастанатата ситуација и можните чекори на Унијата.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска реагираше на американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти, упатувајќи апел за воздржаност и итно враќање на преговарачката маса.Во објава на платформата Икс (поранешен Твитер), Калас порача дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје, но и дека сите страни мораат да избегнат понатамошна ескалација.
– Ги повикувам сите страни да се воздржат, да се вратат на преговорите и да спречат понатамошно влошување на ситуацијата – истакна Калас.Таа најави дека министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одржат итен состанок утре, на кој ќе се разговара за новонастанатата ситуација и можните чекори на Унијата.