Трамп е тешка будалетинка, но и таков каков што го дал господ, сепак очигледно знае да повлече храбар правилен потег според народната дека и ќорава кокошка знае да кликне зрно од време на време… Навистина мора да му се признае, вчерашниот потег му е храбар, државнички, правилен и мудар, со ова тој ќе влезе како голем државник.
Исто како што Џорџ Буш објави војна на Ал Каеда и ја уништи, исто како Обама и Бајден водеа војна со ИСИС и не решија од тоа зло, сега и Трамп со тоа што превенираше радикалните шиити во Иран да се докопаат до нуклеарна бомба го спаси светот од неверојатни проблеми во иднина.
Иран е тотално радикален и ирационален и фанатичен, во такви раце да падне такво моќно оружје како што е нуклеарна бомба па потоа истата да се тркала во рацете на Хамас, Хезболах, Хутите тоа беше отворање на епска пандорина кутија каква што не сме виделе никогаш во историјата, тоа е рамно на тоа Хитлер да успееше да се докопа до нуклеарна бомба…Браво Трамп, се ти е простено, ова е голем потег, фала ти во име на целото човештво!