16.8 C
Скопје
22/06/2025 23:19
МАКТЕЛ

   

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако ова е почетокот на тотална војна помеѓу Израел и Иран, Америка не може да остане настрана

      

Еврејската држава останува единствената нација на светот за која САД се подготвени да војуваат. Ако се повлечат од овој конфликт, тогаш ќе отидат против својот идентитет и природа, и ќе го загубат секој преостанат атом на меѓународен кредибилитет. На радоста на Кина, Русија и многу други.

Многумина аналитичари се прашуваат зошто Израел се одлучи на речиси тотална војна, после 20 години (а можеби и од Јом Кипур во 1973-та) одржување на воена доктрина за воздржани или органичени судири со своите непријатели?

Одговорот мислам дека е доста едноставен, Израел овој пат одлучи да го собори режимот на ајатоласите во Иран. Само на тој начин, Израел би можел да прогласи и победа во војната  која од 7 октомври ја води против арапските партнери на Иран, пред сѐ Хезболах и Хамас. Во најлудите соништа на Нетанјаху, Иран и тоа што останува од милениумската персиска империја треба да се сведе на еден нов „периферен сојузник“, каков што некогаш и беше Иран за време на Студената војна, кога постоеше подземен договор со Шахот и турските војници против панарабиските Египет и Сирија, пишува Ивор Мицковски во колумна за Дојче веле.

   

Затоа, можеби не утре, можеби ни задутре, но падот на режимот во Иран, од кој ајатоласите се најмоќната компонента, станува мошне конкретна можност. Од друга страна пак, не е ни дека Ерусалим има премногу други алтернативи. Победата на Израел би можела да биде ремек-дело, но останува како нужен потег направен од очај, во време кога земјата се наоѓа на работ од амбисот.  Ништо друго освен војна и победа над Иран, не може да ѝ даде смисла, особено стратешка и воена, на актуелната автодеструктивна кампања на седум фронта која ја води Израел, откако масакрот од 7 октомври самата го претвори во егзистенцијална борба за постоењето на еврејската држава.

Нападот врз Иран – победа на Нетанјаху

20 месеци масакри и убиства на недолжно население, заедно и со заслужните терористи, не произведоа и не можат да произведат никакво трајно решение за безбедноста на Израел. Напротив, ги рушат демократските основи на еврејската држава, создаваат огромна поделеност и поларизација во политиката, војската и општеството, и сериозно ја загрозуваат еврејската дијаспора насекаде низ светот, која веќе сите ја идентификуваат со ционизмот или милитантниот јудаизам. Со масакрот врз недолжното население во Газа и со колонијализмот на Западниот Брег, Израел ризикува да се претвори во тоа против што цел свој живот се бори: во држава парија – држава одметник.

Оттука, нападот врз Иран е голема победа за Бенјамин Нетанјаху, не затоа што руши некаква си нуклеарна програма во зародиш или ги обезглавува воените структури на иранскиот режим, туку затоа што дефинитивно го еродираше кредибилитетот на Исламската Република. Иран се докажа дека е слаб, на милост и немилост на својот најдобар непријател, неспособен за реакција, оставен да биде докусурен можеби и од Америка.

И токму околу однесувањето на Америка лежи можеби најголемата победа на Нетанјаху, нешто што не беше воопшто едноставно. Во последните два месеци Нетанјаху доби повеќе ниски удари од Доналд Трамп. Прво Трамп ја легитимираше Турција како регионален хегемон, подарувајќи му ја на Ердоган позицијата на вице-владетел со Сирија, потоа преговараше директно со Иран, па ја суспендираше војната против Хутите додека овие го бомбардираа Тел Авив, за конечно да ги замрзне преговорите за нормализација на односите помеѓу Израел и Саудијска Арабија. Над сѐ, експлицитно му забрани и го блокираше претходниот обид на Нетанјаху да го нападне Иран.

Трамп имаше свои две цели за остварување: Првата, да ги принуди регионалните сили, вклучувајќи го и Израел, самите да се држат под контрола меѓусебно, со минимална потрошувачка на ресурси за Америка и без нејзино директно вмешување во блискоистичните конфликти. Второ, да оствари бомбастичен успех во надворешната политика кој би послужил за домашна употреба. Соочен со неверојатната комплицираност на војната, односно мирот во Украина, Трамп сфати дека евентуалниот нуклеарен договор со слабиот и ранлив Иран, би значел речиси неповторлива шанса за личен успех.

За Нетанјаху е важна перманентна војна

Но, токму на тоа поле Нетанјаху ја украде топката, ги смени правилата на игра и им покажа две клучни работи на Американците и на Трамп.

Прво, Израел е способен да го нападне Иран без американската воена и логистичка поддршка. И тоа на страшно ефикасен начин. Второ, му возврати на Трамп за сите ниски удари, со уште понизок, покажувајќи му дека нема никаква смисла да се преговара со ајатоласите и да им се придава моќ која ја немаат, кога можат да се треснат од земја и принудат на питачки стап. Толку беше силен шокот за Трамп, што не само што ги купи наративот и реториката на Нетанјаху, туку придодаде дека знаел за нападите и си го присвои успехот на израелската авијација и војска. Трамп отиде дотаму што сега се заканува дека во секој момент би можел да влезе во отворена војна со Иран, нешто што за Израел би значело и стратешка победа. Нетанјаху така би го добил само тоа што го сака, а тоа не се преговори со Иран, туку една перманентна војна, која би го оддалечила притисокот од неговите судски проблематики, од крвопролевањето и заглавеноста во Газа, и конечно, од секоја сила која се спротивставува на израелската империјална доктрина за ширење од „реката до морето“. За Биби, не е битен Иран, како што не е ни битна нивната непостоечка нуклеарка, за него е единствено важна постојаната војна. Иран за Израел не е кредибилен непријател, не е дури ни непријател, затоа што Израел нема потреба повеќе од непријатели. Иран за Израел е само воена зона и тоа една од многуте.

Дека Нетанјаху е намерачен да го собори режимот се потврдува и од неговото обраќање до младите Иранци, кои ги покани да го соборат режимот и да очекуваат израелска поддршка. Но, ваквиот бакнеж на смртта нормално носи и една малициозна последица. Ако пред овие напади постоеше некаква шанса некогаш во Иран да се врати прогресивна или прозападна влада, денес шансите за тоа се речиси никакви. Никогаш Иранците нема да го прифатат понижувањето на нивната тримиленумска империја и сега кога шансите за пад на режимот се најголеми, тоа што евентуално би дошло после ајатоласите, сигурно нема да бидат некои добри и надежни дечки. Напротив, Израел сака во Иран да дојде на власт некоја воена или олигархиска хунта која ќе се заколне на вечна борба против Евреите, на војна која би била перманентна – војна каква што токму Нетанјаху посакува.

Различни визии

Блискиот Исток каков што го замислува Нетанјаху е дијаметрално различен од каков го замислуваат Америка и Трамп. Но, на нивна штета, делува дека идејата на Нетанјаху победува, а можеби и веќе има победено.

Затоа што Нетанјаху, како и Ердоган, ја има научено најважната лекција за помалите регионални сили или некогашни империи: Хегемонот, ерго Америка, мора да се искористи, ако не сакаш да бидеш искористен. И Нетанјаху во овие моменти за коса го влече Трамп во војна против Иран. Историјата е преполна со вакви случаи, каде помалиот сојузник го мести и искористува поголемиот, додека империјата мисли дека може да ги користи своите клиенти, за на крај да испадне изманипулирана. Америка денес е искористена, не затоа што има заборавено како да ги користи другите, туку затоа што сѐ почесто заборава како да се употреби самата себеси. Така, само ќе ја забрза потрагата кај досегашните вазали да си најдат нова сила која ќе ги присвои. Трамп од Нетанјаху и Зеленски научи уште една лекција: Оној што крвави на крајот превладува над оној што само го подава оружјето.

Оттука и крајниот заклучок. Ако ова е почетокот на тотална војна помеѓу Израел и Иран, Америка не може да остане настрана. Еврејската држава останува единствената нација на светот за која САД се подготвени да војуваат. Ако се повлечат од овој конфликт, тогаш ќе отидат против својот идентитет и природа, и ќе го загубат секој преостанат атом на меѓународен кредибилитет. На радоста на Кина, Русија и многу други.

Израел други опции не ни има. Малиот секогаш се бори за егзистенција, големите сили го немаат тој императив. Конечно, за Израел важи старото правило дека е „Вилата во Џунглата“, пред сѐ демографски, како шака Евреи во море од исламски Арапи. Израелската држава е чудо на геополитиката за кое нема баш рационално објаснување, нејзиното постоење е провизорно, и тоа Израел прв го знае, така што за нив, самото постоење е победа над природата на нештата.

Со Нетанјаху таа природа се изопачи, како и сите претходни досега логики на постоење на еврејската држава. Наместо ситни војни и желба за преживување, сега целта стана постојани војни и желба за уништување на сѐ што е закана, мислејќи пред сѐ на Арапите, кои треба да бидат исфрлени од Големиот Израел на утрешнината. Останува како опција уништувањето на Персија и потоа враќање на кампањите на одржување на Палестинците и Арапите. Сѐ друго за логиките на Израел не би било пораз, туку почетокот на крајот.

ИЗВОР ПЛУСИНФО

   

Најново

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

Sase Ivanovski

МАКТЕЛ ДОЗНАВА: ДОМ излегува од коалиција со СДСМ – ќе оди самостојно на локалните

Sase Ivanovski

Уапсен возач без дозвола и со 1,81 промили алкохол на патот Крушево – Прилеп

Sase Ivanovski

Тројца мажи се претставиле како полицајци и истепале кривопаланчанец сред Центар

Sase Ivanovski

Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

Sase Ivanovski

Најголема кражба на податоци досега: украдени лозинки од Google, Facebook и Apple

Sase Ivanovski

Николоски: Понудите за нови 120 автобуси се очекуваат до средината на јули

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ со силна порака: Нерегуларностите во дискотеката „Пулс“ на институциите им биле познати пред трагедијата

Sase Ivanovski

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата

Sase Ivanovski

Приведен возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

АХВ со остра реакција до в.д. градоначалникот на Кочани

Sase Ivanovski

НОВ ПАТ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ВАЛАНДОВО И ЗА ДОЈРАН Модерна делница која го поврзува регионот со коридорот 10

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ДРЖАВИ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЕТО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЕ НА ИРАН“ Еве што порача Медведев по американскиот напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗАИГРАА ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА Сообраќајно недоразбирање прерасна во улична тепачка

Sase Ivanovski

УАПСЕН РЕКЕТАР ВО ШТИП – СО ПРИСИЛА И УЦЕНИ МУ ЗЕЛ 4.500 ЕВРА Момче принудено да зема брзи кредити, да позајмува и да краде од татко му

Sase Ivanovski

ФАТЕН НА ДЕЛО ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО Албанец илегално влегол и ловел риба, полицијата му го одзеде чамецот

Sase Ivanovski
Вчитувам....