При контрола во патниот сообраќај на ул.„Церска“ во Македонска Каменица, полициските службеници сопреле патничко возило „лада нива“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во организмот, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.