Турското МНР повтори дека иранската нуклеарна програма треба да биде предмет на дипломатија, а не воена сила, нагласувајќи дека единствено решение може да се постигне преку директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон.Турција остро реагираше по американскиот воздушен напад врз иранските нуклеарни постројки, предупредувајќи дека ескалацијата би можела да го претвори регионалниот судир во глобална војна.Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека е длабоко загрижено поради последиците од нападот и ги повика сите страни на итна воздржаност.
– Не смее да се дозволи проширување на конфликтот. Апелираме сите страни веднаш да ги прекинат нападите и да постапуваат одговорно – се вели во соопштението на Анкара.
Турското МНР повтори дека иранската нуклеарна програма треба да биде предмет на дипломатија, а не воена сила, нагласувајќи дека единствено решение може да се постигне преку директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон.
Во текот на раните утрински часови, САД изведоа најмоќниот напад досега врз иранската нуклеарна инфраструктура. Шест стелт-бомбардери „B-2 Spirit“ фрлија 12 бункерски бомби „GBU-57“ врз подземниот комплекс Фордо, а истовремено беа истрелани 30 крстаречки ракети од американски подморници врз постројките во Натанц и Исфахан.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека објектите се „целосно уништени“, додека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информираше дека нема зголемено ниво на радијација во погодените зони.Како одговор, Иран изврши ракетен напад врз израелска територија, со што конфликтот добива уште подраматична димензија.