„Иранската нуклеарна програма е сериозна закана за меѓународната безбедност. На Иран никогаш не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје, а САД презедоа мерки за ублажување на таа закана. Го повикуваме Иран да се врати на преговарачката маса и да постигне дипломатско решение за да се стави крај на оваа криза“ – се вели во соопштението на Стармер.
Британскиот министер за трговија изјави за „Скај њуз“ дека Лондон не е вклучен во американските напади врз Иран и не добил барање за користење на британската база Диего Гарсија, но бил информиран за нападите.НАТО и ЕУ повикуваат на преговори
Претставник на НАТО изјави за Ројтерс дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата. На прашањето за одговорот на Алијансата на нападите и какво било можно влијание врз неборбената мисија на НАТО која спроведува обука и активности за градење капацитети во соседен Ирак, претставникот рекол „Секако дека внимателно ја следиме ситуацијата“.Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, побара од сите страни да се вратат на преговарачката маса, но исто така нагласи дека на Техеран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.
„Ги повикувам сите страни да се повлечат, да се вратат на преговарачката маса и да спречат понатамошна ескалација“, рече таа, додавајќи дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата денес.
На Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје“, рече Калас во објава на социјалната платформа X.