Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сегашниот режим во Иран не е во состојба „да го направи Иран повторно голем“, тогаш можеби ќе биде неопходно да се промени режимот во таа земја.
„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се смени режимот? МИГА!“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social,
користејќи го акронимот МИГА за Направи Иран повторно голем, како алузија на акронимот МАГА, или Направи ја Америка повторно голема, што е слоган на претседателските кампањи на Трамп. Тој додаде дека пилотите на американските бомбардери Б-2 кои ги извршија нападите врз иранските нуклеарни постројки безбедно слетале во американската сојузна држава Мисури.
„Ви благодариме за добро завршената работа! Доналд Џеј Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп