Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, го нарече бомбардирањето на Иран што го започна Израел на 13 јуни „голема грешка“ и „големо злосторство“.
„Ционистичкиот непријател направи тешка грешка, тешко злосторство; мора да се казни и ние го правиме тоа, го правиме сега“, рече Хамнеи во својата прва изјава на социјалните мрежи по американските напади врз Иран. Објавата беше придружена со фотографија од череп со Давидова ѕвезда зад која има проектили и запалени згради, пренесува Ал Џезира. Израелскиот премиер Бенјамин Нерањаху во неделата изјави дека Тел Авив е блиску до остварување на своите цели во Иран, односно, како што наведе, отстранување на заканите од балистичките ракети и нуклеарната програма.