Влезовите во подземните тунели во иранскиот нуклеарен комплекс Исфахан биле погодени за време на нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Утврдивме дека влезовите во подземните тунели биле делумно оштетени за време на нападот“, се вели во соопштението цитирано од Ројтерс. Се додава дека во пресрет на нападот на Израел врз Иран на 13 јуни, најголемиот дел од иранскиот збогатен ураниум бил складиран во Исфахан. МААЕ претходно објави дека нема зголемување на нивото на радијација околу нуклеарните постројки во Иран.