25.8 C
Скопје
23/06/2025 08:30
МАКТЕЛ

   

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

      

Нова тура на конфискуван имот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и екс премиерот Никола Груевски оди на продажба со лицитација, откако Владата ја процени неговата вредност и го одобри за огласување. Првиот „продажен циклус“ одобрен на една од последните владини седници треба да донесе најмалку 3,5 милиони евра во државната каса. Најголема вредност имаат апартманите во „Панорама Резиденс“ на Мијалков, меѓу кои засега одобрена е понудата на три, а при тоа секој од нив вреди безмалку милион евра. Еден апартман од 200 метри квадратни и помошна просторија од 45 метри квадратни на Водно е проценет на стартни 860.000 евра. Одоколу толку е проценет и вториот, додека третиот кој е најмал ќе се продава со почетни 765.000 евра. Само овие три апартмани преку Агенцијата за управување со конфискуван имот на државата би и донеле најмалку 2,5 милиони евра.

Одобрена е и продажба на осум парцели кај Гевгелија во вкупна почетна вредност од 925.000 евра. Во јавното наддавање ќе има и стан во Охрид од 90 метри квадратни со почетна проценета вредност од 85.000 евра.. Ќе се продава и стан од 57 метри квадратни на улица „Бихачка“ со почетна понуда од 63.000 евра, исто така и втор стан на истото место но помал од 38 метри квадратни за 43.000 евра. Се очекува државата да инкасира најмалку 29 милиони евра од запленетиот имот, пред се од предметот „Империја“, според она што претходно го најавија од Агенцијата за одземен имот. пред неколку месеци.

   

Ќе се продаваат станови, апартмани, гаражи, деловен простор и градежно земјиште. Овие имоти на братучедите им беа одземени во неколку судски процеси против нив. Досега, државата од Мијалкови наплати 332.276 евра од продажба на три стана и гаража на Водно. И тоа, фирмата „Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, сама си ги купи. Поранешниот шеф на тајната служба во јули 2022 година призна вина и се спогоди за „Империја“. Со спогодбата, Мијалков беше осуден на 3 години затвор и исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот. Одземен му беше и имот во вредност од околу 30 милиони евра. Пред да биде упатен на издржување на казната, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи да оди во затворот во Струга кој е од отворен тип.

Случајот „Империја“ беше отворен во 2018 од страна на поранешното СЈО за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Покрај Орце Камчев и Мијалков како првоосомничени, во истрагата беа опфатени уште 11 други лица. Груевски во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, за спорна набавка на службено возило мерцедес побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница.

   

Најново

Движење ЗНАМ за Наша Македонија:Дезориентираната Левица продолжува со лаги и клевети

Sase Ivanovski

Израел нападна шест ирански аеродроми – уништени се 15 авиони и хеликоптери

Sase Ivanovski

Повеќе може да биде подобро

Sase Ivanovski

УСС-УКИМ апелира на навремено решавање на проблемите во студентските домови

Sase Ivanovski

Конфликтот на Блискиот Исток во центарот на денешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел

Sase Ivanovski

ДОМ ја раскина коалицијата со СДСМ

Sase Ivanovski

Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан оштетени во американските напади

Sase Ivanovski

Хамнеи: Го казнуваме ционистичкиот режим за неговото тешко злосторство

Sase Ivanovski

Шефот на иранската дипломатија денеска се среќава со Путин

Sase Ivanovski

Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран, тврди Нетанјаху

Sase Ivanovski

Трамп: Ако режимот не може да го направи Иран повторно голем, зошто да не биде променет?

Sase Ivanovski

Владата со отчет за сработеното во првата година

Sase Ivanovski

Бројот на загинати во нападот на бомбаш самоубиец на црква во Дамаск се искачи на 22

Sase Ivanovski

Орбан ја повика ЕУ да се откаже од забраната за увоз на руски гас по американскиот напад врз Иран

Sase Ivanovski

Иран го предупреди Трамп дека ќе ги активира терористичките ќелии во САД

Sase Ivanovski

Сончево и топло, максималната температура до 36 степени

Sase Ivanovski

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski
Вчитувам....