Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, зборуваше за акцијата на косовската полиција во соработка со Косовската разузнавачка агенција (АКИ) и обвинителството, како што вели, следена од КФОР и ЕУЛЕКС, што резултираше со рација во селото Валач во Звечан. Објектот во кој е пронајден арсенал оружје „доволно за терористичка единица“, според полицијата е сопственост на политичарот Александар Арсенијевиќ
„Денес, надлежните единици на косовската полиција во соработка со АКИ и обвинителството, под мониторинг на КФОР и ЕУЛЕКС, спроведоа рација во селото Валач во Звечан, каде што беа пронајдени рачни ракетни фрлачи (зоља), рачни гранати, палки, оружје и муниција од разни видови. Цел арсенал доволен за терористичка единица. Според информациите што ги добив, тешкото вооружување е пронајдено во објект што му припаѓа на политичарот Александар Арсенијевиќ“, соопшти министерот Свечла.
„Криминалот никогаш не може да се скрие, без оглед на маската што ја носи. Особено во услови на исклучително будни и професионални институции кои неуморно работат за да обезбедат безбедност и владеење на правото во секој агол од територијата на Република Косово“, додаде тој.„Нема да застанеме додека целосно не ги искорениме криминалните и терористичките остатоци од Србија од нашата земја“, напиша тој на Фејсбук.