Во новото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“ гостува Зарина Првасевда. Пејачка која традицијата ја пее со срце, а нејзиниот живот е исто толку автентичен како и нејзината музика. Зарина не е само артист — таа е дефектолог по душа, емпат по природа, и личност што со целото свое битие сака да биде од полза на светот.
Разговаравме за нејзиното необично и инспиративно детство во Демир Хисар, место каде што секоја човечка судбина станала лекција, а секој разговор — фасцинација. Зборувавме и за меѓучовечките односи, за потребата од искреност, за верата што ја држи цврста и светлата страна на животот што сè уште одбива да ја предаде. За пријателствата што траат, и за љубовта, онаа вистинската, во која сè уште верува со цело срце.Вечерва во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“ гледајте го новото издание на поткстот „Со Ана на ТИ“. Ќе чуете разговор за душата, за корените, за луѓето, за љубовта. Разговор со Зарина — на ТИ.