Тој додаде дека од почетокот на СВО се уништени 7.500 модерни тактички и крстосувачки ракети од западно производство.Денес, Путин ги продолжи состаноците поврзани со програмата за вооружување на државата, објави РИА Новости.
„Новата државна програма за оружје треба да обезбеди формирање на универзален систем за противвоздушна одбрана“, рече рускиот претседател.Русија формира трупи на беспилотни системи како посебна гранка на вооружените сили, истакна Путин, додавајќи дека е потребно широко да се воведат напредни дигитални технологии и вештачка интелигенција во сопственото оружје.Претседателот на Русија рече дека развојот на вселенските трупи, исто така, останува важен.