31.8 C
Скопје
23/06/2025 10:55
МАКТЕЛ

   

Нова перспектива: Зошто ИТ експерт на чело на здравството?

      

Изборот на министер без медицински бекап секако не е „сребрен куршум“ и единствениот лек за болното здравство, но претставува важна порака: подготвеност за пресврт. Затоа не треба автоматски да се дисквалификува. Поставувањето на Азир Алиу за министер за здравство е легитимен чекор во насока на прекинување на досегашниот круг на неуспешни практики. Тоа не е магично решение, но претставува потенцијална точка на пресврт.

На 9 јуни 2025 година, Собранието го именуваше Азир Алиу за министер за здравство. Професор по информатички технологии и поранешен министер за информатичко општество и администрација, Алиу е личност со релевантна експертиза во дигитални системи и процеси. Именувањето беше проследено со жестоки критики од опозицијата, фокусирани на неговата формална неповрзаност со медицината, додека премиерот го нагласи неговото искуство во системско управување и дигитална трансформација – домени што се од суштинско значење за унапредување на здравствениот сектор. Изборот може да се оцени како нетипичен, но дали токму ваквата неконвенционалност претставува одговор на длабоките системски предизвици?

Историски контекст и локални искуства

Анализата на досегашната практика покажува покажува дека здравствениот сектор во Македонија го водеше медицинската академска фела. Од вкупно 18 министри за здравство од осамостојувањето, дури 17 се со медицинска наобразба. Единствен исклучок претставува правникот Никола Тодоров, чие министерување некако заврши во знакот на аферата „Тамара“, но чесно е да се каже  дека во тој период беа иницирани повеќе крупни промени: воведување на системот „МојТермин“, паралелен увоз на лекови, како и концептот на наградување според учинок. Иако некои од овие мерки имаа ограничен животен век, платформата „МојТермин“ остана темел на дигиталното функционирање на системот до денешен ден, кој и допрва може да носи дополнителни бенефити со адекватна надградба.

   

Спротивно на тоа, повеќето мандати водени од медицински професионалци (чест повторно на исклучоците) не беа одбележани со суштински системски поместувања. Проблемите со одлив на кадар, ограничен пристап до иновативни терапии, ниски показатели за квалитет и хронично тромав систем останаа константа. Пандемијата од Ковид-19 ја оголи дополнително системската неподготвеност заедно со афери како онаа за набавка на вакцините, кулминирајќи со една од највисоките стапки на смртност во светот – сите состојби погоре беа директна последица на човечкиот фактор скриен во лавиринтите на аналогното здравство, овозможени со задоцнета дигитализација и отсуство на воља за суштинска реформи.

Меѓународни споредбени искуства

Прегледот на искуствата во европските земји со високоразвиени здравствени системи покажува поинаков модел. Во Обединетото Кралство, на пример, ниту еден од министрите за здравство во последните 50 години не бил со медицинска наобразба. Мат Ханкок, именуван пред пандемијата, беше најблиску до медицината – со искуство во е-здравство и телемедицински системи. Слично е и во Холандија, Шведска и Германија – каде што само во два наврати на министерската позиција биле лекари, и тоа со дополнителни квалификации за системско управување и администрација.

Регионалните искуства се слични: во Словенија, од 19 министри само осуммина се доктори; во Србија петмина од дванаесет; во Грција – повторно само двајца во последните 50 години. Овие податоци укажуваат на тоа дека медицинското образование не е предуслов за успешно водење на здравствена политика, туку дека одлучувачка улога имаат системската визија и управувачкиот капацитет. Ова исто така укажува на нашата долгогодишна заблуда, ригидност  и збунувачки отпор кон доктрината на развиениот свет.  Некој ќе каже дека секое поднебје има своја специфика и адаптација, но во случајот на нашето здравствено лидерство експериментот трае предолги триесет и кусур години – и резултатите не се охрабрувачки.

Вкрстување на медицинските специјалности со системското лидерство

Понатамошна анализа сугерира дека не сите медицински специјалности се еднакво соодветни за реформско лидерство. Професиите со популациска ориентација, кои ја согледуваат здравствената грижа низ системски и долгорочен објектив – како што се епидемиологијата, јавното здравство, интерната медицина, педијатријата и медицинската информатика – покажуваат поголема склоност кон системско размислување и дигитална адаптација.

Од друга страна, специјалностите со висок степен на техничка изолираност, како што е хирургијата, имаат ограничена изложеност на стратегиски, организациски и популациски процеси. Во овој контекст, вреди да се спомене како своевиден куриозитет дека речиси 45% од постоењето на македонскиот здравствен систем е воден  токму од хирурзи – факт што отвора прашања за критериумите при избор на кадар и за долгорочните ефекти од тие избори.

Промената како услов за преживување на системот

Современото здравство претставува комплексен социотехнички систем. Напредокот се базира на функционална архитектура, електронски досиеја, дигитална транспарентност, ефикасна анализа и мониторинг. Овие елементи бараат лидерство што ги разбира процесите, интеграцијата на податоци, изградбата на платформи и рационализацијата на ресурсите. Тоа значи дека лидерот не мора да биде клинички експерт, туку стратешки архитект со дигитален, системски и управувачки капацитет. Биографијата на министерот Алиу укажува на таков профил.

Изборот на министер без медицински бекап секако не е „сребрен куршум“ и единствениот лек за болното здравство, но претставува важна порака: подготвеност за пресврт. Затоа не треба автоматски да се дисквалификува.

Опозицијата, напротив, покажа ограниченост во разбирањето на суштината.  Поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, упати бледа и неинформирана критика од собраниската говорница без посериозна анализа, притоа заборавајќи на уделот на сегашната опозиција во рецептот за здравствената чорба. Алузии за иден неупсех и префрлање на вина, се излишен коментар доколу не располагате со конкретен критечен придонес за темата од кој опзицијата се чини е далеку во моментов. Ваквиот чист партиски наратив не го адресира суштинскиот предизвик – потребата од реорганизација на здравствениот систем, базирана на доказите и научените лекции.

Во насока на трансформација: дигитализација, отчетност и пристапност

Целта на оваа анализа сепак не е да се анализира опозицискиот политичкиот дискурс, туку да се афирмира неопходноста од нов начин на размислување. Време е да се надмине митот дека медицинското образование е предуслов за легитимитет. Здравството повеќе не е затворена клиничка арена, туку е еволуирачки екосистем кој бара интероперабилност, дигитална зрелост и мерење на резултати.

Поставувањето на дигитален експерт на чело на овој сектор е не само нов пристап, туку и резултат на учење од сопствените недоследности – признавање дека ни недостигаа алатки, структури и дисциплина во менаџирањето. Истовремено, тоа е копија од добрите практики во Европа, каде знаењето и визијата се вреднуваат повеќе од титулите и формалната припадност. Тоа воедно е и потврда дека политичката волја ја препознава вредноста на интегрираниот пристап – она што недостигаше во минатото.

Транспарентноста како императив

На крајот, основен предуслов за успех е целосна транспарентност. Без јавно достапни индикатори, без увид во распределбата на средствата, без анализи на здравствените исходи – системот останува во темнина. Видливоста на податоците е предуслов за отчетност, ефективност и доверба. Наместо отпор – потребна ни е отвореност. Наместо фатализам – мерливост. Тие не само што ја овозможува проценката на политиките, туку и го овластува граѓанинот како краен корисник и судија на системските интервенции.

Поставувањето на Азир Алиу за министер за здравство е легитимен чекор во насока на прекинување на досегашниот круг на неуспешни практики. Тоа не е магично решение, но претставува потенцијална точка на пресврт. Доколку тој ја демонстрира потребната визија, капацитет и транспарентност, тогаш можеме да се надеваме дека не само што ќе се подобри здравствениот систем – туку и начинот на кој општеството размислува за неговото управување.

   

Најново

БиХ привремено ги затвора амбасадите во Израел и Иран

Sase Ivanovski

Путин: Руските системи уништија повеќе од 80.000 воздушни цели во Украина

Sase Ivanovski

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Зарина Првасевда: Кога те боли душата лекот е психотерапија

Sase Ivanovski

20 АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА МЕТА, 3.000 РАКЕТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ Како ќе одговори Иран на нападот од САД?

Sase Ivanovski

„СЕКОЈ ПОЧЕТОК Е ТЕЖОК, ОДНОВО ПОСТАВУВАШ ТЕМЕЛИ“: Мицкоски сублимираше што сработиле за една година

Sase Ivanovski

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ ГЛУМИ ИНСПЕКТОР НА АХВ“: Агенцијата за храна вели Крстевски не е овластен и не смее да врши контрола кај операторите за храна

Sase Ivanovski

ИЛОН МАСК СЕ ВРАЌА „ВО ИГРА“: Роботаксиите доаѓаат, а акциите на Тесла вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВЕТИ ОДМАЗДА Пезешкијан му се закани на Вашингтон по нападот врз нуклеарките

Sase Ivanovski

АВТОПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2026 ГОДИНА Досегашниот застој беше поради лоша координација меѓу надзорот и изведувачот

Sase Ivanovski

Путин: Русија бележи историски пад на сиромаштијата

Sase Ivanovski

„ЗОШТО ДОДЕКА БЕВТЕ НА ВЛАСТ, НАМЕСТО ДА ИГРАТЕ ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ГРУБИ, НЕ ГО УСОГЛАСИВТЕ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ?“ Хајредини се обрати до ДУИ

Sase Ivanovski

Бизнис, држава и иднина – Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

Sase Ivanovski

„ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ НЕМА ЗА ЦЕЛ РЕШАВАЊЕ НА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА“: извештајот на Вајц утре пред европратениците

Sase Ivanovski

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ПРИФАЌАЊЕ НА СЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ СЕРВИРА НА МАСА“: Мицкоски вели успеале да го амортизираат ударот што некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

ТРАЈЧУЛЕВСКИ: Зошто претстојните локални избори не можат за овој СДСМ да бидат исто што и претседателските избори во 1999 за тогашниот СДСМ? Дали сме премногу млаки? Зошто не сме обединети и зошто не емитираме енергија на одлучност за бескомпромисна борба за идеалите во кои мора да продолжиме да веруваме?

Sase Ivanovski

На грчкиот остров Хиос евакуирани 15 населби

Sase Ivanovski

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Sase Ivanovski

Косово: На имотот на српски политичар Арсенијевиќ пронајдено тешко оружје

Sase Ivanovski

Србија ќе влезе во „енергетскиот Шенген“ до крајот на 2027 година

Sase Ivanovski

Американската амбасадорка во ОН, Дороти Шеј, ги бранеше воените напади на САД врз Иран, велејќи дека „конечно дојде време САД решително да дејствуваат во одбрана на својот сојузник и сопствените граѓани и интереси“

Sase Ivanovski

Пукање на свадба во Франција: Невестата убиена, младоженецот и 13-годишно дете тешко повредени

Sase Ivanovski

Израелската армија објави дека од Иран кон Израел биле испукани нови ракети

Sase Ivanovski

Нов аргумент за зголемување на минималната саатница во Германија на 15 евра

Sase Ivanovski

Гутереш: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот

Sase Ivanovski

Брнабиќ за извозот на оружје во Израел: Жал ми е за војните, но мораме да го продадеме тоа што го произведуваме

Sase Ivanovski

Димковски: За една година 136 професионалци си заминаа од Министерството за земјоделство, земјоделството тоне

Sase Ivanovski

Мицкоски: За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат

Sase Ivanovski

Апсења во Франција по серија напади со игли за инјектирање

Sase Ivanovski

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Најмалку шест лица загинаа во руските воздушни напади врз Киев

Sase Ivanovski

Како пожарот на Блискиот Исток ги загрозува БДП, инфлацијата, туризмот, превозот и извозот

Sase Ivanovski

Аврамовска Мадиќ: За една година МВР од заштитник на граѓаните стана партиски инструмент на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Филков за МИА: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Sase Ivanovski

Левица: Пелагонија пет месеци без испитен центар за Тошковски да го намести милионскиот бизнис на сопартиец

Sase Ivanovski

Поради новите правила, цената на горивото и греењето може да експлодираат

Sase Ivanovski

На Крит уапсен Азербејџанец, шпионирал воздухопловни бази

Sase Ivanovski

Жизел Пелико донираше 40.000 евра на жртвите на злоупотреба

Sase Ivanovski

Скандинавските земји се на врвот на листата според цените

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, стабилизирање и раст на економијата, зголемување на плати и пензии, Стратешки договор со ОК, изградба на патишта

Sase Ivanovski

Најмалку 37 Палестинци загинаа во израелски напади во Појасот Газа

Sase Ivanovski

СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена!

Sase Ivanovski

Шпанија ќе побара суспензија на трговскиот договор меѓу ЕУ и Израел

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ за Наша Македонија:Дезориентираната Левица продолжува со лаги и клевети

Sase Ivanovski

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Израел нападна шест ирански аеродроми – уништени се 15 авиони и хеликоптери

Sase Ivanovski

Повеќе може да биде подобро

Sase Ivanovski

УСС-УКИМ апелира на навремено решавање на проблемите во студентските домови

Sase Ivanovski

Конфликтот на Блискиот Исток во центарот на денешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел

Sase Ivanovski

ДОМ ја раскина коалицијата со СДСМ

Sase Ivanovski

Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан оштетени во американските напади

Sase Ivanovski

Хамнеи: Го казнуваме ционистичкиот режим за неговото тешко злосторство

Sase Ivanovski

Шефот на иранската дипломатија денеска се среќава со Путин

Sase Ivanovski

Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран, тврди Нетанјаху

Sase Ivanovski

Трамп: Ако режимот не може да го направи Иран повторно голем, зошто да не биде променет?

Sase Ivanovski

Владата со отчет за сработеното во првата година

Sase Ivanovski

Бројот на загинати во нападот на бомбаш самоубиец на црква во Дамаск се искачи на 22

Sase Ivanovski

Орбан ја повика ЕУ да се откаже од забраната за увоз на руски гас по американскиот напад врз Иран

Sase Ivanovski

Иран го предупреди Трамп дека ќе ги активира терористичките ќелии во САД

Sase Ivanovski

Сончево и топло, максималната температура до 36 степени

Sase Ivanovski

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski
Вчитувам....