Милијардерот Павел Дуров, основач и извршен директор на Телеграм, планира да им го остави цело богатство на своите, повеќе од 100 биолошки деца, вклучувајќи шесте од три различни партнерки и останатите кои се зачнати преку дарување на сперма.Дуров сака неговите деца да почекаат 30 години пред да пристапат до неговото богатство од 13,9 милијарди долари и не прави разлика помеѓу децата зачнати по природен пат и оние зачнати преку ин витро оплодување (ИВФ).
Дуров, во интервју за „Ле Поинт“, рече дека е официјален татко на шест деца од три различни партнери и дека почнал да донира сперма пред петнаесет години и оттогаш има над 100 деца.
„Сакам да разјаснам дека не правам разлика помеѓу моите деца, оние кои се зачнати по природен пат и оние кои се добиени со вештачко оплодување од моите донации на сперма. Сите тие се мои деца и сите ќе имаат исти права“, изјави тој за францускиот весник, пренесува „Б92“.
40-годишниот тајкун е познат по своето провокативно однесување, вклучително и кога им посака среќен Велигден на своите 11,1 милиони претплатници на Телеграм со фотографија од себе на која е разголен.Секое утро прави 300 склекови и 300 клекнувања, избегнува алкохол, кафе и чај.
„Неодамна го напишав мојот тестамент. Решив моите деца да имаат пристап до моето богатство откако ќе наполнат триесет години, почнувајќи од денес“, рече тој.