Локалните медиуми објавија дека таа тежела 23 килограми во моментот на смртта, а изгубила 37 килограми во последните две години, а починала поради срцев застој додека била на лекување во болница.Веста за нејзината влошена состојба прва ја сподели модната дизајнерка Пинар Керимоглу, која напиша:
„Ја повикав Умут и ја прашав како е. За жал, срцето на Нихал повторно застана.Тие ја реанимираат во моментов.“
Но само неколку минути подоцна инфлуенсерката Сила Догу ја објави смртта на Кандан неколку моменти подоцна. Членовите на семејството се збогуваа со неа на социјалните мрежи.
Кандан стана позната во 2014 година благодарение на учеството во реалното модно шоу „Bu Tarz Benim“. Таа почна да објавува содржини поврзани со модата и убавината на социјалните мрежи и стана една од најпопуларните инфлуенсерки за животен стил во Турција. Таа собра речиси 900.000 следбеници на Инстаграм.