Срамно е СДС да говори за земјоделците, тони овошје и зеленчук беа исфрлани по улиците од страна на земјоделците поради неспособноста на тогашните власти.
Сведоци бевме на секојдневни протести и маршови низ улиците на Градско, Росоман, Прилеп, Ресен поради тоа што СДС немаше никаков план за помош за земјоделците.
Сега, после една година од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кога земјоделците се приоритет после долги години, навистина е срамно СДС да зборува дека не се вложува во земјоделските гранки.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува земјоделците како никогаш до сега.
Исплатени се над 340 милиони денари субвенции кон 4.144 лица, исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања за мерка 2.2 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Владата се грижи за земјоделците не со празни зборови туку факти и дела.
Во првиот квартал на 2025 во однос на првиот квартал 2024 во делот на откуп и продажба на земјоделски производи се забележува значителен раст, раст во делот на житата 42%, во делот на градинарството раст од 50%, делот на овоштарство и лозарство 12%, делот на сточарство е 13%, делот на млеко е 9% како и делот на живина и јајца е 63%.
Владата се грижи за земјоделците преку субвенции, директни плаќања и средства со програмата за рурален развој и тоа со 9 милијарди денари. 196 милиони евра се влезени кај 20 илјади семејства кои одгледуваат тутун. Преку откупот и субвенциите од државата има значителен раст во делот на извозот од 5%, односно во бројки – 163 милиони евра извоз, односно 11 милиони евра повеќе од лани.Разликата е повеќе од јасна. Ние ја градиме Македонија на темелите на промените!