Иран денеска изврши ракетни напади врз американските бази во Катар и Ирак, како одговор на американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки.
Катарските власти соопштија дека ракетите биле пресретнати и немало жртви, осудувајќи го иранскиот напад и истакнаа дека Катар го задржува правото да одговори со пропорционална сила.Воздушниот простор е затворен во Катар, Ирак, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати поради заканата од ирански напади.