„Знаевме дека ќе се одмаздат. Тие реагираа слично по убиството на Сулејмани“, рече официјалниот претставник, мислејќи на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен од страна на САД во воздушен напад во 2020 година.
Според првичните проценки, ракетите истрелани од Иран во понеделникот не ги погодиле своите цели. Министерството за одбрана на Катар објави дека нивните воздушни сили пресретнале ирански ракетен напад врз американска база во земјата.Истиот функционер рече дека претседателот Трамп е подготвен да го зголеми американското воено присуство доколку е потребно. Трамп за понеделник попладне закажа средба со претставници на националната безбедност и не е исклучено да го смени ставот.