Според него, со новиот закон „на секој Албанец му се дава еднаква шанса за вработување во администрацијата“, а токму затоа, како што додава, „шерифите од Речица остануваат без работа. Затоа се против тоа!“
Меџити нагласува дека законот гарантира крај на политичката селекција и отвора пат за реална застапеност на Албанците во јавните институции – според заслугите, без партиски влијанија и без покровителство.
„Стравот кај ДУИ од усвојувањето на овој закон доаѓа токму поради губењето на контролата што ја имаа врз системот повеќе од дваесет години“, вели Меџити.