Како што пишува „Газета експрес“, Во минатото, Албанија беше оаза за поевтината трпеза – од 2005 до 2018 година, цените на храната беа 68-78% од европскиот просек. Но, од 2018 година, цените почнале да растат како што растат и грижите на семејствата. Во 2023 година, храната беше само 7% поевтина од ЕУ, а во 2024 година, албанските трпези за првпат мораа да платат и повеќе од европскиот просек.
Најголем удар се осеќа при купувањето на јајца, сирење и млеко – овие производи сега чинат 131% од просекот на ЕУ, што е значителен скок во споредба со претходната година. Другите прехранбени производи не се многу понакку, со цена околу 25% поголема од европскиот просек. Дури и безалкохолните пијалоци се поскапи за 19%. Единствена утеха остануваат цигарите, кои во Албанија се скоро половина поевтини од просекот на ЕУ.
Во европскиот контекст, Албанија денес е на ист праг со Германија, Португалија и Италија, а ја надминува Шпанија, Чешка, Полска и Бугарија по цена на храната. Како што наведува медиумот, овој пресврт не е случаен – зад него стојат високи даноци, особено ДДВ, скапиот транспорт, несоодветната логистика и недостигот на конкуренција, кои заедно ја прават храната во Албанија луксуз што секој домаќин се повеќе го чувствува.