Почитувани,Со изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДС, тие уште еднаш покажаа дека воопшто не се реформирана партија.Наместо свежи, кредибилни и професионални кадри, СДС продолжува да нуди стари, потрошени личности кои одамна се синоним за криминал, корупција, лажни ветувања и, пред сè, неработење.
СДС сака да ја врати Гази Баба назад — во мрачното време на Борис Георгиевски, градоначалник кој ќе остане запаметен само по неспособноста и сервилноста кон урбаната мафија.Влатко Митовски не е ново лице – тој е само верна сенка на Георгиевски, човек кој беше дел од сите погрешни политики што ѝ наштетија на општината.
Се сеќаваме на времето кога наместо да се работи за граѓаните, се водеше постапка за отворање на нов хемиски отпад. Време кога корупцијата беше секојдневие, а интересите на граѓаните беа последни на листата.СДС ги потценува граѓаните на Гази Баба ако мисли дека тие ќе прифатат враќање кон минатото. Но народот не заборава!
Како што Венко Филипче остана верна сенка на Зоран Заев, така и Влатко Митовски останува верна сенка на најнеуспешниот градоначалник во историјата на нашата општина.Денес, Гази Баба е вистинско градилиште. Се реализираат проекти во секое населено место – се градат улици, нови детски градинки, училишта, спортски терени, канализациски системи, домови на културата. Развојот е видлив, а граѓаните знаат да препознаат вистинска работа.
Граѓаните нема да дозволат развојот на Гази Баба да запре! Ќе продолжиме по патот на резултатите.На СДС му е потребна вистинска реформа, а сè додека тоа не се случи, ќе продолжи да губи на избори – затоа што народот заслужува повеќе, а не враќање во минатото.Гази Баба оди напред. Граѓаните избираат работа, а не враќање во минатото!