Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета дека колку повеќе лаги во минута ќе каже дека толку повеќе ќе му веруваат граѓаните. Народ гледа, Мицкоски.Срамота е да се фалиш со, ни помалку ни повеќе – 887 проекти кои никој се уште ги нема видено.Срамота е за Претседател на влада и лидер на најголемата владејачка партија по цела година на власт, апсолутна локална власт да нема свој проект со кој може да се пофали и се уште да зборува за проекти направени од градоначалниците на СДСМ во минатиот мандат како свои.
Кога Мицкоски зборува за 11 направени градинки треба да е чесен до крај и да каже дека сите 11 се наравени во претходниот мандат на владата на СДСМ и градоначалници на СДСМ, но дури сега се пуштаат во употреба откако цели три години беа оставени намерно затворени, а децата без соодветна грижа бидејќи на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважно им беше да ги користат во предизборна кампања. Срамоа е Мицкоски да зборува за некакви рециклажни центри и депонии кои чинеле 55 милиони евра, а тие ги направиле. Каде се направени? Кој ги видел тие рециклажни центри?
Каде се парите?
Без срам и перде Мицкоски зборува и за студентскиот стандард, а секојдневно гледаме како студентите на социјалните мрежи се жалат дека Владата и министерството за образование и наука доцни со исплатите или воопшто ги нема. Студентскиот оброк е сведен на затворски оброк, а се бараат начини и како што повеќе студенти да го изгубат правото на студентски оброк.
Во програмата ветија 50% зголемување на платите на професорите и наставниците во првата година, а сега го слушаме Мицкоски како ги замајува дека им ги зголемил платите за 12%.
Треба да им каже Мицкоски дека тоа не е никакво зголемување на платите, туку редовно годишно порамнување – да не лаже.Лани на 9 мај Мицкоски вети дека за една година ќе бидат довршени објектите на Факултетите на УКИМ – по една година, Мицкоски повторно ветува дека сега пак треба да чекаме уште една година. Нема ништо гордо во лажењето на сопствениот народ.
Македонија за една година е понижена, осиромашена и опустошена, а граѓните излажани.