🟨Вчера во Битола се одржа регионална средба со раководствата на општинските организации на НСДП – Нова социјалдемократска партија во изборната единица 5, на која присуствуваа претседателот на НСДП Goran Misovski и генералниот секретар Мики Милковски, потпретседателката Соња Мираковска,
потпретседателот Драги Крстев, секретарите Венцо Вуинов и Марјан Дамјановски и раководствата на општинските организации на НСДП од ИЕ.5.
🟦НСДП активно се подготвува за учеството на претстојните локални избори во октомври оваа година, во тек е постапката за утврдување на кандидатите за советници во општинските совети.
🟨На овие избори НСДП како и во минатото ќе предложи кандидати кои се препознатливи во градовите и општините, кои со своите активности во општественото делување се истакнати и препознаени во средините каде што живеат.
🟦Кандидатите на НСДП ќе бидат личности кои ги знаат локалните проблеми и кои имаат доволно искуство да допринесат за развојот на локалните заедници преку залагање и поддршка на проекти и предлагање на јавни политики кои допринесуваат за функционални и развиени општини.
🟨🟦СИЛНО И ЧЕСНО❗️